Introduction

ВФС Глобал управува со Центарот за Виза Апликации на Канада (ЦВАК) во Македонија воден од Меѓународната Организација за Миграција (ИОМ) во Скопје.

Важна забелешка: Центарот за Виза Апликации на Канада (ЦВАК) соопштува само општи информации и административни услуги поврзани со апликации за привремен престој, вклучувајќи ги и студиските и работните дозволи, како и патните исправи за постојани жители на Канада. Центарот не е овластен да обезбеди било какви информации, или да одговори на какви било прашања во врска со аплкациите за постојан престој и Канадските конзуларни служби. Ова ги вклучува ‘Експрес влез’ за квалификувани имигранти, онлајн апликација за поддршка, канадско државјанство и конкретните информации за обрасците за барањето за виза, придружните документи или било какви совети во врска со процесот на аплицирање за виза. Ве молиме посетете ја веб страната за “Имиграција , Бегалци и Државјанствa во Канада на https://www.canada.ca/en/services/immigration-citizenship.html за повеќе информации за овие програми.

ЦВАК е ексклузивен обезбедувач на услуги за Владата на Канада, овластен да прифати барања во сите категории за привремен престој (посетителска виза, студентски и работни дозволи) и барања за патни исправи од постојани жители на Канада во Македонија.

ЦВАК е овластен да обезбеди административни услуги за поддршка, како што се; собирање на барања за виза, надоместоци за услугите и враќање на пасоши во запечатени коверти . ЦВАК може исто така да помогне при закажувањето на интервју во име на Виза Канцелариите на Канада.

Одлуката за одобрување или одбивање на барање за виза е направена исклучиво од имиграционите службеници во Државјанство и Имиграција на Канада (ДИК). Сите барања ке бидат оценети во согласност со имиграционите виза правила и упатства на Канада. ЦВАК нема улога или влијание врз исходот на барањето и нема да понуди никакви проценителни совети.